Неодоливиот шарм на канадскиот премиер Џастин Трудо

Каде и да се појави, канадскиот премиер Џастин Трудо предизвикува внимание и погледи на воодушевување. Тој е умен, модерен, релативно млад политичар, но и многу згоден, коментираат светските медиуми. Социјалните мрежи се вжештија изминатите денови, коментирајќи ги погледите што му ги упатуваше ќерката на американскиот Претседател. Имено, како што пишуваа, Иванка го голтала со поглед и не се двоела од него.

Сега, на шармот на Трудо паднала и германската канцеларка Ангела Меркел, коментираат во шега медиумите.

Но, таа на зедничката вечера му подарила албум со слики на кои Џастин е со својот татко Пјер Трудо кога имал само 10 години. Фотографијата е направена во 1982 година кога неговиот татко бил во посета на тогашниот канцелар Хелмут Кол.

 

Џастин Трудо е роден 1971 година. Стана Премиер на Канада пред две години , а претходно како член и подоцна претседател на Лиобераланата партија беше пратеник. Син е на поранешниот канадски премиер Пјер Трудо.