Според се уште неофицијални информации, најверојатно човекот кој се обиде да го убие поранешниот министер за здравство Никола Тодоров е дедо на прерано починатата Тамара Димовска од Велес.

57 годишниот Љупчо С. денеска околу 12 и 30 пукаше во Тодоров пред Министерство за здравство, но неговото обезбедување успеа да го спречи напаѓачот во намерата да го убие поранешниот министер за здравство. По ова, напаѓачот беше совладан и уапсен од полицијата, по што беше однесен во полициска станица.