Нераспишувањето локални избори значи дополнителен хаос, анархија и институционална криза

На 15-ти мај истекува мандатот на актуелните градоначалници. Блокадата на Собрание на РМ од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ со бесмислените реплики и контрареплики ги направи институциите на државниот апарат нефункционални. Дополнително, со истекот на мандатот на градоначалниците, постои реална опасност да влеземе во состојба на анaрхија и сериозна политичка и институционална криза.

За три недели, на 15 мај, градоначалниците и советите на општините целосно ги губат своите ингеренции и овластувања.

 

Со блокадата на Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираат и изборот на новиот собраниски претседател кој единствено може да ги закаже локалните избори. Во вакви услови, кога нема нов датум за локалните избори, а градоначалниците и советите целосно ги губат своите овластувања, се доведува во прашање целокупната работа на Општините, како и работата на јавните претпријатија, училиштата, градинките, дневните центри за социјална грижа и сите установи под општинска надлежност.

Тоа значи дека:

– Граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош што им следува по закон,
– Социјално загрозените лица ќе останат без субвенциите за комунални трошоци.

Ова значи егзистенцијален ризик за најранливите категории граѓани. Но и не само за нив.

– Врботните во општините ќе останат без плата,
– Вработените во училиштата, градинките, културните установи од локален карактер, како и вработени во противпожарните единици и во другите општински установи нема да можат да земаат плата,
– Привремено ангажираните работници во општините нема да може да го добијат својот паричен надоместок.

Ќе застане реализацијата на сите потреби на граѓаните.

– Нема да може да се издаваат одобренија за градба, решенија за легализација на бесправно изградени објекти и други слични решенија,
– Нема да има кој да потпише акти кои произлегуваат од општинските штабови за заштита и спасување, доколку е тоа потебно, со што се
доведува во ризик безбедноста и здравјето на граѓаните.

Вчера , СДСМ укажа дека единствено Собранието на Република Македонија е овластено да донесува, изменува и дополнува закони. Уставниот суд не може да го реши проблемот. Поради тоа единствено решение на овој проблем што го создаде Груевски, преку Трајко Велјаноски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, е итна деблокада на демократските процеси-рече Дејан Павлески, претседател на комисија за локална самоуправа и администрација на СДСМ.