Нереди во Атланта по убиството на уште еден Афроамериканец(видео)

Во американскиот град Атланта во текот на ноќта избувнаа жестоки нереди поради вчерашното убиство на уште еден Афроамериканц кој давал отпор при апсењето.

Како што известуваат светските медиуми, 27 годишен маж во алкохолизирана состојба заспал во автомобилот додека чекал ред за брза храна. Од ресторанот повикале полиција, по што патрола дошла да го легитимира.

Откако го разбудиле, тој во алкохолизирана состојба почнал да ги навредува и да бега низ паркингот. Во еден момент дошло до турканица во која еден од полицајците го изгубил електрошокерот.

Во таа мешаница друг полицаец пукал и го ранил Афроамериканецот, по што тој во болница починал.

Веднаш избувнаа нереди во Аталанта.

Шефицата на полицијата во Аталанта поднесе оставка, а полицаецот што пукал доби отказ.