Барселона и Реал одиграа нерешено 1-1 на првиот полуфинален натпревар на Купот на Кралот на „Камп Ноу“.

Реал Мадрид брзо дојде во водство со голот на Васкез по само шест минути игра. Барселона израмни преку Малком во 57 минута.

Меси натпреварот го започна од клупата за резервни играчи и влезе во игра во 63 минута но тоа резултатски на натпреварот не смени ништо. Реваншот на „Ел Класико“ во Купот на Кралот се игра на 27 февруари во Мадрид .