Несреќи на мигрантската рута(видео)

 

Една 66-годишна жена и дете  на возраст од 6 години и двете по потекло од Ирак, загинаа во пожар кој пламна синоќа во бегалскиот камп Морина на островот Лезбос во Грција.

Жената и детето биле во шатор, кога експлодирала плинска боца на кој најверојатно се готвело, но не успеале да избегаат навреме, бидејќи огнената стихија пламнала пмногу брзо.

 

Во Бугарија пак, по вчерашниот бунт на мигранти апсења. Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека околу 300 мигранти биле упасени по нередите во најголемиот мигрантски камп во Бугарија во кои биле повредени дваесетина полицајци. „Околу 300 мигранти, од кои шест претставуваат закана за националната безбедност, се уапсени“, рече тој за Бугарското национално радио.
Премиерот Борисов претходно го посети кампот Харманли во близина на границата со Турција каде што вчера околу 2 илјади мигранти се судрија со полицијата.

Во кампот главно се сместени бегалци од Авганистан.

Тие почнаа да палат автомобилски гуми, да фрлаат камења врз полицајците и уништија неколку згради, вклучувајќи ја и кантината. До ова дојде откако било воведено ново правило, односно забрана за излез од центарот поради медицински причини.