Несторовски е нов играч на Удинезе !

Македонскиот репрезентативец Илија Нестровски е нов играч на Удинезе, ова го тврди „Sportitalia“ која пишува дека клубот од Удине го договорил нашиот репрезентативец.

Според овој извор, Нестровски наскоро оди на медицински прегледи и потоа ќе се официјализира договорот со Удинезе.

Оваа информација ја пренесе  и „calciomercato“ кој тврди дека Удинезе ги победил Болоња  и Торино во трката за потпис на македонскиот напаѓач.

Тренер на екипата на Удинезе е Хрватот Игор Тудор, тој  инсистирал да биде доведен Несторовски кој кариерата ја продолжува во Италија.