Порталот „НетПрес“ тврди дека  со лускузниот полициски теренец „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” во Грција во моментов на летување е ќерката на висок полициски фунцкионер со нејзините другарки.

Според извори на овој портал, станува збор за ќерката на директорот на Бирото за јавна безедност (БЈБ), Лазо Велковски, којашто заедно со уште четири девојки со службеното возило коешто го должи таткото летува во кампот „Евридики“.

 

Изворите на НетПрес, исто така, наведуваат дека поседуваат и други фотографии, како и дека можно џипот да го управувал службен возач од министерството, но и дека девојките можеби и самите се возеле до Грција.

Порталот НетПрес вчера објави фотографии и видео од џипот кој со голема брзина се движи низ автопатиштата во грција, поставувајќи прашање кој го вози џипот и коои се девојките што патуваат со него.

МВР најави дека ќе го истражи целиот случај и дека ќе објави за што се работи.

(Лазо Велковски, директор на Биро за јавна безбедност при МВР)

Извор: НетПрес