Речиси 12 милиони прегледи за два дена има видеото направено од еден Американец кое прикажува жена како се обидува да го наполни својот Тесла, електричен автомобил, на бензинска станица. Збунетата сопственичка на Тесла автомобилот безуспешно се обидуваше да најде каде се полни автмобилот, а во неколку наврати се обиде и со ,,пиштолот“ за точење гориво. Ова предизвика хистерично смеење кај авторот на видеото.
Бидејќи поголем број од бензинските пумпи во Америка работат на самопослужување, обидот на сопственичката на електричниот автомобил траеше речиси 3 минути и исто толку слатко се смеееше авторот на видеото. Дури потоа неговиот сопатник излезе и ѝ кажа на жената за што се работи.