Нејасна Фејсбук реакција на министерот Попоски за бугарските европратеници

Не е јасно што точно сака да каже министерот за надворешни работи Никола Попоски за бугарските европратеници кои издејствуваа амандамани во Извештајот за напредокот на Албанија со кои ЕП бара албанската држава да се грижи за ,,бугарското“ малцинство. Здруженијата на Македонците во Албанија со денови реагираат на обидот на двајцата европратеници од Бугарија , македонското малцинство да го прикажат како бугарско, но, министерот Поповски , место да реагира официјално како министер или МНР да испрати некаква реакција, тој на Фејсбук напиша:

,,Еден пријател, европратеник вели: „Најголема опасност за ЕУ е тие кои ја претставуваат, да заборават на вистинската цел и вредностите зад кои стои Унијата, а да ги заменат со ситни лични цели“.
Пратеник во Европскиот Парламент се загрижи само за правата на Бугарите во Албанија.
Имал избор да се заложи за вистинските вредности на Унијата. Неселективно. Ќе и помогнел на Албанија да се приближи до европските вредности и да ги унапреди човековите права. Но, немало да се испушти никако дека таму има Македонци, Грци, Власи, Срби, Роми… кои се самосвесни.
Ова можат да го надминат ако сакаат. Тоа ќе биде за нив, за Албанија, за сите заедници таму и над се, за ЕУ. И сигурно ќе биде покорисно од домашна политичка реклама.“