,,Балканот претрпе многу во својата понова историја од национализмите и тензиите. Денес треба да развиеме агенда за соработка , со цел да ја зајакнеме европската перспектива на Западен Балкан и да го унапредиме нашиот регион како целина. Заедничка изјава со премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.“

Ова е пораката на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, по заедничката изјава со Претседателот на Влада на РМ, Зоран Заев, во Давос, по нивната двочасовна средба.

Но, некои портали и актуелни политичари од владејачкото мнозинство, побрзаа да напишат и да објават дека грчкиот премиер на социјалните мрежи напишал ,,македонски премеир“ и тоа го толкуваа како вест која зборува за голем успех, кршење на деценискиот мраз заради спорот за името, вест на денот и слично.

Вистината е дека кога на истиот пост на ФБ, ќе притиснете да видите повеќе на англиски, автоматскиот превод дава дека е напишано ,,македонски премиер“.

Еве го во продолжение оригиналниот пост на грчкиот премиер на социјалните мрежи:

Τα Βαλκάνια έχουν ταλαιπωρηθεί πολύ κατά την πρόσφατη ιστορία τους από εθνικισμούς και εντάσεις. Σήμερα χρειάζεται να αναπτύξουμε μια ατζέντα συνεργασίας και συνανάπτυξης προκειμένου να ενισχυθεί η Ευρωπαϊκή προοπτική των Δυτικών Βαλκανίων και να προοδεύσει η περιοχή μας, συνολικά. Κοινές δηλώσεις με τον Πρωθυπουργό της ΠΓΔΜ κ. Ζόραν Ζάεφ στο περιθώριο του Παγκόσμιου Οικονομικού Φόρουμ, στο Νταβός της Ελβετίας.