Не се групирај за викендот, порачува министерот Филипче

,,Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје“-порача министерот Венко Филипче.