НЕ СМЕ ИСТИ

Од проф.д-р Катерина Тодороска
Само кусо, потсетување на дел од Уставот на РМ.
II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ
1.      Граѓански и политички слободи и права
Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
            И доколку овој член од Уставот не би бил лицемерно прекршуван на секој чекор и во секоја ситуација кон некои од нас, тогаш навистина сите би биле задоволни од својот живот во заедничка Македонија. Но не, ние не сме исти ниту пред Уставот ниту пред законите. Затоа некому му е дозволено да навредува, собира, множи, заплашува. Оти тој е поеднаков од мене.
            Седнувајќи да ги видам новостите од денешната пародија наречена седница на Собрание, помислив колку ние не сме еднакви меѓу себе. Некому е дозволено да седи на столче како претседавач и да ни го труе животот со одобрување на бесмислените и патем, банални, говорења на неговите партиски другарчиња.
            И наидов на една информација на личниот профил на еден од парламентарците, кој според сите досегашни реакции, најмногу „боде“ очи на избраниците на народот од ДПМНЕ. Со оглед на фактот што неговиот ФБ статус е јавен си дозволив да го употребам како показ за насловот на ова мое писание.
Pavle Bogoevski

пред 6 часа ·

Џеват Адеми:
Јас не водам сметка ни за нив (СДСМ), ни за вас (ДПМНЕ). Јас водам сметка за моите гласачи.

Ама тоа не ви пречеше кога коалициравме до сега, нели?

 

И, како што читате, статусот е извадок од говор на друг човек, говор на човек од друга партија, која се уште седи во владините фотелји со ДПМНЕ. Но, не џабе народ рекол, кој има мува на капата вика иш, па на овој статус се залепиле повеќемина да коментираат. Дури и во коментарите ќе забележите дека не сме исти. Секако, вие можете да ги исчитате сите, ако имате нерви, но јас ќе пренесам само неколку. Напомнувам дека не ги ставам имињата на „авторите“ на коментарите оти не заслужуваат дури ни негативна реклама, а писмото со кое се напишани и текстовите се оригинални.

Еве неколку:

„uste ke glumite ludilo bez da im ja plesnete platformata vo faca i gi oterate na kloci? da ne priznaeshe Albanija pod ustavno ime pa da gi sednevte na masa i da gi vrazumite deka taa platforma e idiotska ukazuvajki im sto se sme napravile do sega za kosovo,kosovarite,albancite…se zamerivme i so srbija poradi nashite sogragjani albanci…i sto dobivme? ovaka treba na kloci da gi terate,ne glumete vishe tolerancija …mislat deka sme picki ,dobro go znaesh toa“.

 

„ Добро бе Павле, што е проблемот во откажувањето од платформата? Што губи СДС ако се откаже од платформата?
Се гледа од авион дека е израз на иридентизам. Зошто ја одржувате во живот? Од платформата ви зависи дали ќе го најдете „криминалот на дпмне“? 

 

„ Павле е глуп, џабе му објаснуваш, џабе го прашуваш. Соросоиден зомби“.

 

„ Павле, 350.000 Македонци ги излажавте дека ќе им давате 500 евра, а сега им нудите платформи“.

 

„ Ima kur da cicat takvi kuro cicaci kako pavle zaev za pari u usta se ebat so siptarite krv davi ebam koga nema decata davigi ebat siptarite mrso jadci.“

 

Тука завршува мојот избор на коментарите кои се многубројни, под овој статус на пратеникот на Шарената револуција. Но, затоа тука некаде почнува мојот список на докази дека НЕ СМЕ ИСТИ.

Пред речиси една година, на 12 април 2016 год. започна едно движење на македонското население, движење со цел да се отстрани недоличната нееднаквост меѓу жителите на нашата држава. Движење за правда, слобода и право. Лека полека, тоа движење доби свои лидери, а еден од тие момци и девојки беше Павле, а движењето доби свое име, Шарена револуција, и најпосле, доби свое место во историјата. Со денови/месеци  протестиравме против заштитата на криминалот и нееднаквоста на македонските граѓани и со денови/месеци ревносно бевме следени, мавани, туркани, понижувани од македонските полицајци. Во една прилика, на грбот на Павле имаше партали од маица. Од пендреците на чуварите на демократијата во Македонија.

Денес, своето демократско право го користат некои други лица, со некои други водачи. Но, ним никој не им се заканува по телевизии дека ќе ги слика и идентификува, нив не ги придружуваат кордони од полицајци, а нивните  водачи/организатори  не се влечени и пендрекувани од чуварите на демократијата.

И тоа е јасен показател, дека НЕ СМЕ ИСТИ ниту пред Уставот, ниту пред законот.

Секако, Павле е само повод за причината поради која пишувам. Кон ова ќе додадам и неколку мои сознанија, кои исто така говорат за тоа колкава е разликата меѓу НАС и НИВ. Овој список може да биде неколку километри долг, напишан само од мене.

  1. Ќе почнам од времето кога квалитетот на образованието беше над сите други приоритети во државата. Тогаш историчарите имаа советници/инспектори, па самото спомнување на имињата на Наум Димовски, Сефадин Елези и нивните соработници, предизвикуваше стравопочит кај сите нас. Страв зошто нивното појавување значеше испит за наставниците/професорите дали добро ја вршат својата работа, а почит затоа што нивното знаење и забелешки беа неприкосновени, а нивните совети добродојдени. Казните беа минимални или ги немаше.

Денес имаме Државен просветен инспекторат со вработени од кои наставниците/професорите се плашат. Не затоа што ќе ги најдат нивните пропусти во работењето, туку затоа што треба да „докажат“ дека глупостите од реформите во образованието, доследно ги извршиле. А, казните се драконски.

Ќе признаете, советниците/инспектори тогаш и денес не се исти.

  1. Пред некоја година имавме Државен архив на Република Македонија сместен во зграда достапна за сите истражувачи, со кругот на инстелектуалното јадро на Скопје. Зграда соодветно градена за таа намена со целосна инсталација за заштита на националното богатство на Македонија. Државниот архив имаше одлична сала за истражувачи, осветлени канцеларии за работа на вработените итн. итн.

Денес Државен архив на Република Македонија е сместен покрај Вардар во зградата на Археолошкиот музеј на Македонија на 7-ми кат. Вработените дишат на шкрги и во лето и во зима. Доколку не работи лифтот повозрасен човек нема теорија да стигне до 7-ми кат за да работи во читална, која е само бедно преградено ќоше без никаква вентилација и дневно светло. А за чувањето на документацијата ќе дознаеме откако ќе се направи ревизија на документацијата од  некогашниот богат фонд на микрофилмувана и хартиена документација.

И така, Државниот архив на Република Македонија тогаш и денес не е ист.

  1. Пред многу години, неколкумина најдобри студенти од Катедрата за историја и Катедрата за македонски јазик, бевме на размена на студенти во Воронеж во СССР. Ова беше долгогодишна соработка на УКИМ со Универзитетот во Воронеж. Тогашниот ректор, проф. д-р Христо Андонов Полјански се потруди да ги подмири сите трошоци за нас, судентите и за професорите кои не придружуваа. Тој и таков ректор никогаш не би дозволил силеџиство врз студентите кои гласаат за членови на Студентскиот парламент, силеџиско сечење на повеќегодишни дрва во кругот на кампусот кај Ректоратот на УКИМ, таков ректор не би дозволил реки од професори и студенти да протестираат поради катастрофален Закон за високо образование, оти таков не би можело да биде донесен. Денес, дојдовме до дереџе министерот да му кажува на ректорот што и како треба да се работи во УКИМ.

Се согласувам, сите ректори не се исти.

  1. На времето кога имавме Министерство за наука имаше средства и за истражувања, и за издаваштво, и за проекти. Имавме министри кои знаеја што е потребата и на науката и на високото образование.

Денес немаме Министерство за наука, немаме проекти, после многу години имаме пари за издаваштво колку во МОН за да се пофалат дека пуштиле некоја цркавица, а ние сме пресреќни што после толку години, добивме можност за истражувања.

Но, сите министри не се исти.

Да не должам.

Пред извесно време гледав една претстава на Факултетот за драмски уметности. Се вика System Error (Системска грешка или Грешка во системот, како милувате). Во неа јасно е покажано зошто НЕ СМЕ ИСТИ. Оние што не сте ја гледале, не чекајте.

Или, вака.

Оние што со гнасотии и навреди одговараат на обичен статус и оние што објавуваат обична информација, НЕ СЕ ИСТИ.

Оние што после отворање на судска постапка се враќаат дома за да ја докажат својата невиност и оние што бегаат од правдата, НЕ СЕ ИСТИ.

Оние што жизнерадосно се церекаат по телефони и оние што вриштат и пиштат по дуќани, НЕ СЕ ИСТИ.

Оние што се борат за правда и оние што штитат криминал, НЕ СЕ ИСТИ.

Ниту пред Уставот, ниту пред законите.

Затоа, најмалку што треба да се направи е да се врати достоинството на Уставот и граѓанинот на Република Македонија.

АКО.мк