Нивното второ име е храброст и човечност

Тројцата храбри планинари Дамјан Карловски, Сенад А. Идризи, и Божидар Прањиќ му го спасија животот на 17 скопјанец Христијан,  кој викендот падна во бездна и удри во карпа на Шар Планина, кај Титов Врв.

Сите четворица останале во бездната 10 часа на -25 Целзиусови степени додека чекале помошта да дојде до нив, а тројцата колеги на Христијан лежеле врз него за да не замрзне . Претходно го завиткале во алуминиумска фолија и го ставиле во неколку вреќи за спиење.

Со натчовечки напори тие дадоа се од себе да му го спасат животот на младиот скопјанец на -25 степени целзиусови кој се лизна изкачувајќи се кон Титов врв и падна во бездната-пишува порталот Скопје инфо, кој ги објави фотографиите на овие млади и храбри луѓе.

Сите дури во неделата околу 10 часот беа извлечени со полициски хеликоптер, кој пристигна по јавувањето за несреќата во која младиот планинар падна во бездна.

Младиот Христијан е во добра здравствена состојба и за среќа нема да има поголеми последици од кобниот пад и минусните температури на кои помина повече од 10 часа.