Ние со нашите деца утре ќе бидеме во училиште, реагираат родители што бараат настава со физичко присуство

,,Не постои поголема загуба во една држава од ПРАЗНИ КЛУПИ во образовна институција“-реагира Катерина Тодороска, родител на две малолетни деца и универзитетски професор.

,,. Но, како што тргнале „предизвициве“ во МОН и нивното решавање, не е далеку времето кога ќе си направиме институција – УЧИЛИШТЕ МУЗЕЈ во секој град. После во слободно време, родителите и бабите и дедовците ќе ги носат децата во посета на УЧИЛИШТЕТО МУЗЕЈ, за децата да можат да видат што чудо било тоа, УЧИЛИШТЕ.Не е лошо и кустоси да подготвиме.Смеата на страна. Децата од училишна возраст се дружат секојдневно, играат по игралишта, се собираат по паркови, акаат бесцелно по улици. Јасно е дека МОН е некадарно да реши нешто што требаше да биде решено од март 2020 год. до септември 2020 год., Како родители имаме обврска да ги заштитиме нашите деца од оние кои се обидуваат да ги обезличат и „наградат“ со фалшиви петки како компензација за уништениот образовен процес и уништеното здравје. Затоа, редно е да престанеме да дозволуваме натамошно подигрување со нашите деца од страна на оние кои досега требаше да си ја сработат работата за која НИЕ ГИ ПЛАЌАМЕ. Не е ДОСТА, ПРЕМНОГУ Е“-вели таа и најавува дека голем број поборници за враќање на децата во училиштата утре ќе дојдат да им дададат поддршка во училишните дворови.

Најавено е доаѓање и на средношколците, кои велат дека доколку не ги пуштат во школскиот двор, ќе седат пред училиштата.

Од Иницијативата на родители кои бараат физичко присуство дури највуваат бојкое.

,,Со денешните изјави јасно и гласно ни е кажано дека отстапување од онлајн настава нема. И покрај сите приложени докази дека има спремни училишта за настава со физичко присуство, со почитување на сите протоколи, ништо не е важно. Имаме само одлука и треба да се почитува-крај. Бојкот на наставата ќе бил штетен за децата, па треба да не убедуваат градоначалниците, директорите, наставниците дека не треба така да правиме, да си бидеме мирни и да си учиме онлајн, за доброто на нашите деца!!! Ние сме навистина мирен и питом народ, ама ова баш ме вади од кожа“-пишува еден член на иницијативата и додава:

,, Ако го мислите најдоброто за нашите деца( најнеризична група во однос на ковид-19) тогаш затворете,кафичи, паркови, конфекции, маркети… Се е отворено, само децата затворени. Можевте да дадете шанса на училиштата што ги исполнуваат условите, не се ни обидовте! И го мислите најдоброто за моето дете!? За време на целиот подготвителен период, за тип на настава, родителите не беа поканети на ниту една дискусија, зошто? Не сме битни во процесот?Само потпиши таму, потпиши ваму, согласност за ова, согласност за она… , а не дека некој не есапи. И до кога вака? КОЛЕГИ ПО РОДИТЕЛСТВО, сите вие што знаете дека матичното училиште е спремно по сите протоколи за физичка настава, не се организирајте којзнае како, едноставно на 1 Октомври во 8ч наутро пред училиште. БОЈКОТ!“-повикува таа.

Претходно, гласни беа родителите кои заговараа исклучиво онлајн настав, но сега најавената платформа не е ставена сѐ уште во функција поради неодржливост на системот.

Не се знае како и дали и утре, 1 октомври , во Македонија ќе започне наставата.

Нашата земја е единствена која ја одложи за еден месец новата учебна година поради Ковид 19.

Во Србија школската година започна на време со физичко присуство со минимален број ковид позитивни ученици досега.

Со почетокот на школската година секојдневно во оваа земја се бележи намалување на бројот на ковид позитивни.

Е.Л.