Ники Лауда кој почина на 70 годишна возраст, три пати победи во Ф1 шампионатот, возеше за Марч , БРМ, Ферари, Брабам и Мекалер, настапи на 171 трка.

Ферари со емотивна порака се прости од Ники Лауда, потенцирајќи дека тој е дел од нивното семејство и дека никогаш нема да биде заборавен.

„Ова е тажен ден за Формула 1, големото семејство на Ферари е во длабока тага, Лауда засекогаш ќе биде во нашите срца и никогаш нема да биде заборавен од нашите навивачи “ .