Никнува уште поголем објект пред ,,Мавровка“ од изгорениот што сам се запали од неисправна инсталација

Пред ТЦ ,,Мавровка“ се гради нов цврст објект со арматура и бетон на местото на ресторанот што неодамнаа изгоре до темел.

Откако угостителските објекти добија ,,тераси“ неколкупати поголеми од основните дуќани, исто така заградени со цврсти материјали и покриви, сега тие очигледно се надоградуваааат и проширувааат.

Никој не дава објаснување дали е ова легално и ако е, кој издал ваква дозвола?

Претходниот угостителски објект беше неодамна пеплосан, а неофицијалното објснување е дека пожарот избувнал од неисправна инсталација, но досега нема официјална истрага и нема објаснување како е возможно да се случи ваков пожар во време кога важеше забрана за работа поради Ковид 19.

Фото: мкд.мк