Николовска ги повика земјоделците да гласаат за ЖИВОТ

Денеска завршува изборната кампања која траеше 20 дена. Мојата битка за подобрување на состојбата во земјоделството трае повеќе од 10 години. Како новинар преку А1 постојано апелиравме, баравме или ја молевме владата заедно со вас да ги реши проблемите. Во Собрание како пратеник, на Груевски му носев тутун, кромид…, укажував на проблемите околу пласманот, барав зелена нафта, редовни субвенции и земја за вас. Преку комисијата за земјоделство заедно со опозицијата предлагавме закони во интерес на земјоделците и сите граѓани. Ништо од тоа. Проблемите не се решаваат со молење или укажување, туку преку институциите, а инстутуциите се добиваат само на ИЗБОРИ.

Затоа во недела е шансата да си помогнеме. Доколку ги имаме институциите ќе можеме да ви ги решиме проблемите. Ако ја имаме Платежната агенција ќе имате и редовни субвенции, ако го имаме Државниот земјоделски инспекторат, ќе имате поголема заштита, ако го имаме министертсвото за земјоделство ќе имате државна земја за обработка, зелена нафта, сигурен пласман. Ако ја имаме Владата ќе имате достоинствен и побогат живот.

Изборите се за да бирате влада каква што заслужувате. Дајте ни шанса да ви покажеме дека ваквиот живот не ви е судбина туку резултат на погубна политика на актуелната власт.
Нашиот број е 4 за Живот во Македонија!

ФБ статус на Ленче Николовска