Николовски: Имаме и план и стратегија, но не преговараме со криминалци

,, Имаме и план и стратегија и во даден момент ќе го реализираме за доброто на Македонија. Овие 67 пратеници ќе ја деблокираат работата на Собранието и нема да дозволиме никаков терор и никој да не спречи токму ова демократско мнозинство да избере нова влада“-изјави пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на паузата во Собрание на РМ.

,,Планот нема да го објавуваме преку медиумите, туку ќе се спроведе во Собранието. Денешното напуштање на собраниската сала значи дека се откажуваме од репликите, но строго ќе го критикуваме претседавачот Трајко Вељаноски за прекршувањето на Деловникот“ – рече Николовски.

– Лидерска средба со криминалци не планираме. Ниту ќе се договараме, ниту ќе преговараме со нив-одговори Николовски на шпекулациите дека се планира лидерска средба за излез од ќорсокакот.