Николовски и Пендаровски останаа без своите дублери во ИЕ

Државната изборна комисија, во законскиот рок ги констатираше сите кандидатски листи на партии и коалиции, освен кандидатурите на Бранко Јаневски и Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) во изборните единици еден и три.

Спорна е кандидатурата на Стево Продановски, кој требаше да му биде противкандидат на Стево Пендаровски и да ги збунува гласачите, како што беше случај и во изминатите години. И во ИЕ 3 Љупчо Николовски од СДСМ остана без противкандидат со исто име и презиме од партијата на Бранко Јаневски. Овие две листи предизвикаа намногу дискусија и сомневања во ДИК дека станува збор за обид да се измамат гласачите поради сличноста во имињата и презимињата на кандидатите.

Бранко Јаневски, кој се служеше со истите финти и изминатите циклуси, а всушност за корист на ВМРО ДПМНЕ, има право на жалба до Управен суд за листите. Во другите изборни единици листите на СДПМ беа прифатени, така што на потпретседателската на СДСМ, Радмила Шекеринскаво петтата изборна единица противкандидатка ќе ѝ биде Радмила Шукуровска од СДПМ, за што исто така имаше реакции.

Сите други 12 листи на партии и коалиции се прифатени.