Николовски од СДСМ уверува дека ќе има брза деблокада на Собрание(видео)

,,Бидете убедени дека СДСМ и нашата коалиција За живот во Македонија ќе ги искористи сите инструменти да ја деблокира работата на Собрание.  Овој циркус којшто се случува во Собранието беше добро да го видат граѓаните, за да видат за какви луѓе гласале, за да направат разлика кои се луѓето кои се тука во Собранието.  Бидете убедени дека нашите следни чекори и одлуки, ќе одат во правец на брз избор на претседател на Собранието и што побрзо формирање на реформска и демократска Влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев-изјави денеска во Собрание на РМ пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски.