Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, е задоволен од стружани и вели дека добиле поддрѓка за избори и нов мандат.

,,Силна порака упатија стружани денеска: Продолжуваме ,, На прав пат“! Подготвени сме за нова победа!

Победа и чист мандат од граѓаните за да одиме напред. За нови реформи, работни места, уште повисоки плати, повисоки пензии, уште посилна градежна инфраструктура и инвестиции.

Чист мандат за да не ја кочат правдата и одговорноста за украденото, за да не се врати радикализмот и националнизмот, да не се врати расипништвото на дпмне, да нема тензии и затварање медиуми, студенти и невини граѓани“-порача Николовски со селфи фотографија од трибината во Струга..#