Николовски: Со новиот организационен секретар целосно ќе се фокусираме на партијата

,,Новиот организационен секретар ќе ја напушти јавната функција и ќе биде и ќе биде заедно со мене фокусиран целосно во партијата. Имаме нов директор на центарот за аналитика и истражување којшто дипломира во САД кој ја напушта исто така јавната функција и ќе биде целосно фокусиран на центарот за истажување и аналитика во функција на сите партиски структури и во интерес на граѓаните.
Денеска надвор од ова претседателот именуваше и нови претседатели на општинските организации во Велес, Неготино, Долнени, Гостивар, Валандово каде што регрутираме нови капацитети и нови сили со коишто очекуваме убедлива победа на следините парламентарни избори.

Промените во СДСМ продолжуваат во интерес на граѓаните затоа денеска ќе го промовираме и системот и начинот како тоа ние ќе се свртиме кон потребите на граѓаните, особено во делот на системското решеније преку којашто ќе ја следиме реализацијата на програмите на градоначалниците, на она што сме го ветиле пред граѓаните.

Ќе ја следиме секоја една мерка, секоја политика и секој проект за текот на неговата реализација преку една веб апликација на СДСМ, но тоа ќе го работиме со партиско –владината комбинација односно реализацијата на програмата Планот за Живот и она што е наше ветување исто така пред граѓаните.

Тоа ќе го правиме на еден системски поставен начин ќе бидеме силна контрола ќе имаме синхронизирано и унифицирано делување на сите наши кадровски потенцијали, ќе направиме ревидирање и ќе се отвориме кон јавноста и кон капацитетите коишто сакаат да се вградат во креирањето на политиките и во следната победа, а тоа значи дека дел од единците коишто ќе бидат ослободени дали се тоа единци во централната власт или се членови на одредени управни или надзорни органи и тела во истите ќе регрутираме н потенцијал којшто е потребен за ова општество“-изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.