Николо Занило го сруши Порто со два гола и го привлече вниманието на светската фудбалска јавност. Заниоло има само 19 години ја игра првата сезона во сениорскиот фудбал и вреди на фудбалската берза 60 милиони евра !

Заниоло со „големите момчиња“ одигра вкупно 1221 минута сезонава, тој е најмлад играч во историјата на Италијанскиот фудбал кој успеал на еден меч да постигне два гола во Лигата на шампионите, пред само шест години на 13 годишна возраст на социјалните мрежи го величеше Јувентус и Кристијано Роналдо.

Јувентус го следи Заниоло и е подготвен за овој 19 годишен бисер да издвои 60 милиони ерва во летниот преоден рок.

Заниоло важи за нов Тоти, со неподнослива леснотија постигна два гола против Порто го привлече вниманието на фудбалскиот свет , тој е нов репрезентативец на Италија и му предвидуваат блескава кариера.

Интер повторно направи голема грешка ?

Заниоло заврши во Рома откако Интер се откажа од овој играч по доведувањето на Наинголан, направи одново лоша проценка, изгуби фудбалски дијамант. Интер го купи за 1,8 милиони евра но не му даде шанса во сениорскиот тим.

Николо Заниоло – Рома

Младиот 19 годишен Заниоло пред три години беше отпуштен од Фиорентина бидејки не бил доволно висок, сега има 190 сантиметри, важи за скромно момче , на „Трансфермаркт“ е проценет на 10 милиони но „Скај“ тврди дека Реал понудил двојно поголема сума а Јувентус е подготвен на се, па и понуда од 60 милиони евра !

Заниоли е наследник на Тоти сметаат медиумите во Италија, за Рома во калчото настапи на 14 меча и постигна 3 гола во дебитантската сезона.