Никој не смее да ја помине нелегално грчката граница

Никој не смее нелегално да ја помине грчката граница, е пораката што ја упати владата по најавата дека илјадници мигранти се тргнати на пат кон Грција, првата станица за ветениот континент Европа.

Во овие моменти грчките полиција и војска ја баранат границата од 4.000 мигранти кои се обидуваат на секој начин дда влезат во земјата.

Војската и полицијата добија наредба да ги бранат границите и да не дозволат по ниту една цена мигрантите да ја преминат границата. Тие пристигнуваат организирано со автобуси од Турција.

Грчките меедиуми јавуваат дека мигрантите се агресивни, ги гаѓаат со камења полицајците и војниците, а штом овие ќе употребат солзавец, во првите редови ги поставуваат жените и децата.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека Грција ќе ги штити своите граници и дека нема намера да ги решава меѓународните проблеми на штета на грчкиот народ.

Тој вели дека Грција нема никаква одговорност за актуелните случувања во Сирија.