Нинџа се отвори пред судот

Еден од главноосомничените за насилството во Собрание на 27 април минатата година, Александар Василевски Нинџа, ,,пропеа“ во судот и во своја одбрана реши да ги отвори картите за сѐ на денот на нередите, но и пред тоа, за време на организорањето на нападот.

Нинџа ги следел Заев, Спасовски, Верушевски и Муслиу,

Нинџа го нарече Чавков „исплашен“, а овој му запишуваше сѐ во тефтер

Вработен во УБК ги уништи хард дисковите од камерите, а Бошкоски ги фрли во Вардар, откри Нинџа

Нинџа: Бевме искористени од УБК и ВМРО-ДПМНЕ

Ова се само некои од насловите на медиумите за денешното сведочење на извршителот на наредбите, обвинетиот Нинџа.

Под псевдонимот “Самурај” обвинетиот Александар Василевски бил ангажиран од УБК , во одделението за оперативно технички и прикриени операции.

Под шифра 637 ,му било доделено огнено оружје “Магнум” 38 и радио станица со 16 активни канали .

Со објавувањето на првите БОМБИ од СДСМ во 2015 година, обвинетиот бил ангажиран од Горан Груески за да прибира информации за одредени лица по барање на службата.

Обвинетиот Александар Василевски, во детали ги опиша дејствијата кои ги превземале за време на протестите , и објасни какви сценарија подготвувале во ШТАБОТ НА ВМРО ДПМНЕ, и за протестите пред ДИК , со кое што како тој се изјасни ” Среќа што не се усвоија приговорите на СДСМ” , бидејќи имале наредба за насилно влегување во ДИК.

За протестите пред Собрание ,Нинџа имал задача истите да ги следи .
Како што самиот изјави од 15 април ситуацијата започнала да “врие”.

Водачите на протестите кои тој ги посочи :
Дамовски,Дурловски,Јовановски и Бетмен..Истите активно ги гледал во ШТАБОТ НА ВМРО ДПМНЕ.
Реквизитите за протестите се носеле ДИРЕКТНО од штабовите на ВМРО ДПМНЕ.

На 27 април, добил повик од тогашниот началник Владимир Атанасовски кој му рекол дека има информација за во Собрание,дека тој ден СДСМ ќе одбира Претседател на Собрание и обвинетиот ќе има задача истото да го следи со други прикриени агенти.

Сведочи за 27 април, како од ШТАБОТ НА ВМРО ДПМНЕ, од 8 спрат врхушката на партијата ВМРО ДПМНЕ ДИРЕКТНО го следела упадот во Собрание.

Меѓу присутните биле : Биљана Бришкоска, Митко Чавков,Миле Јанакиески,Кирил Божиновски..Единствено Сашо Мијалков не бил присутен,иако имал телефоски повик од истиот.

Биљана Бришкоска телефонски контактирала со Трајко Вељановски, и се давале насоки за дејствување.
Кирил Божиновски телефонски повикувал членови на партијата од цела Македонија да излезат за масовност.

Никола Бошкоски постојано бил со обвинетиот Александар Василевски,и ја следеле состојбата во Собранието.
Телефонски директно давал извештај до Владимир Атанасовски.
Кога започнало тепањето на пратениците во собранието, веднаш го известил Владимир Атанасовски со зборовите:
“Овде е хаос ,луѓето тепаат пратеници”..
На ова тој му одговорил:
“Комуњарите сакаат да бираат Претседател, така им е “…

Горан Груески давал насоки седнат на клупа во Жена парк ,во еден момент добил телефонски повик од агентите во Собранието..Се свртел кон Нинџа и му рекол:
” Ова не е на арно,некој друг од внатре издејствувал..Полицијата почнала да си ја врши својата работа”.

По повлекувањето од Собрание, обвинетиот Александар Василевски бил однесен во една од базите на УБК , каде што сведочи на уништувањето на хард дисковите од снимките од Собранието, кои биле ставени под преса и уништени од страна на Сашо Марковски а по наредба на Владимир Атанасовски.

Обвинетиот се обрати до Судот и кажа дека постојано бил под притисок од Горан Груески кој му укажувал да не се предаде и да се даде во бегство. (Зелена лупа)