Ништо од брз договор за нова Влада, Ахмети и Села купуваат време

Али Ахмети и Зијадин Села се договорија да не се договорат со СДСМ. Барем не наскоро. Тоа е епилогот од средбата во хотел во Стара чаршија иницирана од Села, а на која не учествуваше Беса која одби да седне на иста маса со Ахмети.

Зијадин Села изјави дека се договориле во наредните неколку денови да формираат тело составено од по двајца претставници на партиите кои ја потпишаа Платфотмата. Тие ќе треба да состават сосема нов предлог Закон за употреба на јазиците.

Тој исто така изјави и дека ќе дадат потписи за мандат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но тоа не значи поддршка за Влада.

„Во иднина овие средби треба да се држат во Собрание. Дебатиравме околу законот за албански јазик. Закон кој ќе биде предложен од ова тело, работиме на предлог кој ќе ги задоволи потребите на Албанците“, рече Села.

Тој смета дека треба да се отвори Уставот бидејќи во него има многу недоследности.

Села не даде одговор дали документот што го испрати СДСМ е прифатлив за нив или не.