Ниш е привремено седиште на српската Влада

Од денеска Ниш ќе биде привремено седиште на Влада на РС. Ова е новата идеја на премиерот Александар Вучиќ кој најави дека почнувајќи од Ниш, во иднина постојано ќе ги сели сите свои министри и соработници во градовите низ Србија, од каде тие ќе ја извршуваат својата работа, а заради, како што смета тој, поблизок контакт со граѓаните.

Градоначалникот на Ниш за српските медиуми изјави дека се е подготвено за доаѓањето на Владата на Србија.

За утре е закажан Бизнис форум 200, со толку фирми од Србија. Премиерот со министрите ќе посети повеќе фирми и институции.

Дури 1200 граѓани се пријавиле дека бараат средба со Вучиќ.

Заради намалување на трошоците, членовите на владата, но и Вучиќ ќе престојуваат во нишката касарна. Неколку дена пред нивното доаѓање, се чистел целиот град и касарната каде ќе престојуваат.

kasarna nis

Во наредните седум дена, колку што ќе трае преселбата на Владата, ќе ги посетат и сите околни градови и населени места.