Нобеловата награда за книжевност на Хандке не може да му биде одземена

,,Нобеловата награда не може да му биде одземена никому, па ниту на австрискиот книжевник Петер Хандке, бидејќи таква можност не е предвидена во статутот“-соопшти Комитетот за книжевност на Кралската шведска академија на науките.

По бурните реакции во европската и светска јавност по доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на австрискиот книжевник поради неговата поддршка во минатото на поранешниот српски преседател, Слободан Милошевиќ, Нобеловата фондација мораше да се изјасни и порача дека наградата останува во негови раце.

,,Во статутот на Нобеловата фондација не се спомнува таква можност. Ниеден одбор за доделување на наградата во Стохолм или во Осло, никогаш не размислувал за поништување на одлука за доделување на оваа награда“ изјави Микаел Остлунд, претставник за медиуми.

Оваа година Нобеловата награда за книжевност му беше доделена на Петр Хандке, што предивика бурна реакција во Приштина и Тирана, но и на други места.

Одлуката ја критикуваше јавно и познатата новинарка на Си-Ен-Ен Кристијан Аманпур, која никогаш н го криела својот негативен став кон српската политика воопшто, коментира РТ Војводина.

Критичарите тврдат дека Австриецот не само што своевремено застанал на страната на Милошевиќ, туку не го признава геноцидот во Сребреница.

Сепак, Нобеловата награда ја добива за неговите книжевни дела, а во образложението на комитетот стои дека тој придонел ,,за јазична иновативност низ пишаниот збор, со која ја опишува човечката маргинализација и уникатност на живеење“.