Нобеловата награда за мир отиде во рацете на премиерот на Етиопија

43 годишниот Абиј Ахмед , премиер на Етиопија, ја доби Нобеловата награда за мир поради ставањето крај на долгогодишниот воен конфликт помеѓу неговата земја Етиопија и соседот Еритреја.

Абиј Ахмед лани дојде на премиерската функција и јасно изрази желба дека сака да ги продолжи мировните разговори со Еритреја. Важен чекор беше неговата волја да ја прифати арбитражната одлука на меѓународната гранична комисија од 2002 година, соопшти Нобеловиот комитет.

Инаку, за Нобелова награда за мир беа номинирани и македонскиот премиер и неговиот грчки колега во тоа време, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои потпишаа Договор за решавање на долгогодишниот спор за името, познат како Преспански договор.