Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во спектакуларен меч го совлада Швајцарецот Роџер Федерер.

Во драматичен, речиси изедначен меч меѓу двајцата најдобри тенисери на светот, Ѓоковиќ по 5 часа борба го победи Федерер во петиот сет во тај-брејк при резултат 12:12 во гемови, резултат 7:4 во тај-брејкот.

Конечниот резултат во сетови е 3:2 за Новак Ѓоковиќ.

Ова е петти трофеј за Ѓоковиќ на Вимблдон.