Новак Ѓоковиќ го посети Центарот за наука ,,Тесла “ во Лонг Ајлeнд ( Long Island)

Најдобриот светски тенисер, Србинот , Новак Ѓоковиќ, објави дека еден ден откако го предаде мечот на УС Опен против Вавринка поради повреда на рамото, се рехабилитира шетајќи.

Тој објави фотографии од Центарот за наука ,,Тесла“, каде српскиот научник е овековечен преку споменик и изложба за неговото монументално светско дело.

,,Го посетив Научниот центар „Тесла“ во Лонг Ајлeнд (.Long Island) SAD. Сакам да им се заблагодарам на прекрасните луѓе кои топло ме пречекаа и ме запознаа подобро со центарот. Беше неверојатно да се оди по земјата каде Тесла ги создавал најзначајните пронајдоци кои се составен дел на денешното современо општество. Тој беше мултидимензионален човек, кој направи толку многу за овој свет , уште многу години зсе потребни а да го сфатиме тоа. Ти благодарам Тесла. Да живее твоето наследство и дух“-напиша Новак.