На УС Опен се случи чудо. Го дисквалификуваа Новак Ѓоковиќ поради случаен инцидент.

Имено, откако светскиот број еден го исфрли топчето зад себе без да види и без намера ја погоди линиската судијка, по што таа буквално падна на теренот, се случи вистинска драма.

По неговата реакциија се гледа дека немал таква намера и дека е шокиран од тоа што се случи, па побрза да ѝ помогне.

Линиската судијка по некое време се освести и стана, но главните судии по десетина минути донесоа одлука да го исфрлат од теренот и да му оневозможат натамошно играње на Ѓоковиќ.

Тој ја прифати одлуката и му честиташе на противникот , по што го напушти теренот.