,,Волстрит Џoрнал” открива дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ купил два апартмана  на Менхетн, кој претставува една од најпривлечните локации за купување некретнини во Америка.

Светскиот рекет број два во моментот, купил два одвоени апартмана  со површина од по 185 квадратних метара, во објект што е во градба од страна на инвеститорот “565 Broome Soho” во Мерзер стрит во јужниот дел на Менхетн. Објектот го проектирал познатиот  архитект Ренцо Пијано, кој е голем обожувач на познатиот тенисер.

Стејси Шпилман, која е директорка за продажба, за весникот изјавила дека апартманите не се блиску еден до друг, така што не доаѓа предвид нивно спојување.

Таа не сакала да ја открие цената, но познато е, пишува ВЏ . дека една станбена единица не може да се купи под 5,4 милиони долари.

Комплескот треба да биде завршен во 2018 година, а треба да има две стаклени кули со 115 станови.

 

Новак Ѓоковиќ веќе има купено стан од истиот изведувач во Мајами Бич.