Новак Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на УС Опен

Најддобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, во три сета го победи Американцот, Денис Кудла, и се пласираше во осминафиналето на турнирот во Њујорк, последен Гренд слем во сезоната.

По повеќе од два часа игра, го совлада Кудла со 3:0, по сетови 6:3, 6:4 и 6:2.

Следниот меч е со Швајцарецот, Стан Вавринка.