Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, официјално се закити со титулата,,тенисер на деценијата“, откако АТП(Асоцијација на тенсики професионалци), објави дека тој со постигнатите резултати е на врвот на петчлената група најдобри во последните 10 години.

Како што е објавено на сајтот на АТП, Ѓоковиќ зад себе ги остави Рафаел Надал, Роже Федерер, Енди Мари и Стан Вавринка.

Според сумираните резултати, учинокот на Новак е 61 титула од кои 15 гренд слем, 4 на завршниот мастерс во Лондон, и 29 од турнирите на серијата 1.000.

Меѓутоа, Ѓоковиќ има низа резултати подобри од другите, како што се во еден момент на контото ги имал сите 4 пехари од најсилните турнири, потоа тој е прв тенисер кој триумфирал на сите мастерси, а пет пати ја завршил годината како прв тенисер на светот.

Надал во претходната деценија освоил 48 титули, а Федерер 42. Енди Мари триумфирал 32 пати , а Вавринка 15.