Новак Ѓоковиќ повторно на тенискиот трон!

Новак Ђоковиќ се враќа на првата позиција на АТП листата, откако шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, се откажа од учество на турнирот во Париз.

Пред почетокот на овој турнир, беше јасно дека Новак ќе се врати на првото место, но тоа се случи побрзо од очекуваното.

Сега Ѓоковиќ е прв, а Надал втор на листата најдобри светски тенисери.