Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го покори Вимблдон. Тој го освои својот четврти трофеј на неофицијалното светско првенство во тенис, совладувјќи го Јужноафриканецот, Кевин Андерсон со 3:0 во сетови.

Ѓоковиќ апсолутно доминираше на теренот и само во третиот сет му дозволи на Андерсон малку да земе воздух и да ја направи играта понтересна за публиката.

Со победата на Вимблдон, Новак се искачи на 10 позиција на АТП листата. На ова првенство стартуваше како 21 играч на светот.