Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Доха

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи во три сета со 2:1 тенискиот рекет број еден Енди Мари, со што ја одбрани титулата на турнирот во Доха-Катар. Ѓоковиќ со победа ја стартуваше новата сезона, што е многу важно за неговата самодоверба со оглед  дека минатата година во втората половина од сезоната не му одеше најдобро. Сега следува Австралија опен, каде Ѓоковиќ повторно ја брани титулата. Тој шест пати досега го освојуваше  овој турнир.