Новак Ѓоковиќ ја освои осмата титула на Австралија Опен

Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада во пет сета Австриецот Доминик Тим и ја одбрани титулата на отвореното првенство во Австралија.

Тој осми пат ја освои титулата во Австралија, со што станува рекордер кај мажите.

Досега има освоено 17 грен слем титули.

Со оваа титула Новак се враќа на првото место на АТП листата.