Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 237 недела како прв на АТП листата.

Ѓоковиќ има 10955 бода , води убедливо пред Рафаел Надал кој на втората позиција има 8320, трет е Зверев од Германија со 6475 бода.

Рекордер по бројот на неделите на првата позиција е Роџер Федерер со 310 недели, засега недостижно за Ѓоковиќ кој во моментов има 6355 бода предност во однос на Федерер кој е шести на АТП листата.