Кејт Брнс (Kate Byrnes), амбасадорка на САД во Македонија, веќе пристигна во Скопје.

Таа ја презеде должноста откако беше пречекана од нејзините соработници во Амбасада на САД во Скопје, а потоа им се обрати на вработените.

Брнс пристигна заедно со нејзиниот сопруг, капетан Скот Гајџ. Амбасадорот Брнс оваа недела ќе ги предаде акредитивните писма на претседателот Пендаровски.

Пред неколку денови, амбасадорката Кејт Мери Брнс, им се обрати на македонските граѓани со видео порака.