Нова демократија победи со 10 проценти пред Сириза, Ципрас му ја честиташе победата на Мицотакис

Политичката динаситија Мицотакис повторно се враќа на чело на Грција.

Нова демократија, предводена од Кирјакос Мицотакис, победи на предвремените парламентарни избори во Грција со 39,7 отсто од гласовите избројани до 22 часот , додека левичарската Сириза на Алескис Ципрас е на второто место со 31,6 отсто од гласовите.

Според проекциите, Нова демократија ќе има апсолутно мнозинство во грчкиот Парламент и ќе формира сама влада без потребни коалицирања со други партии.

Досегашниот грчки премиер, Алексис Ципрас, му честиташе на победата на Мицотакис.

„Со крената глава, ја прифаќаме пресудата на народот. За да ја доведеме Грција до таму каде што е денес, мораше да донесеме тешки одлуки со висока политичка цена“, изјави Ципрас пред бројните новинарски екипи.

Тој од новата влада очекува коректно, а не одмаздничко однесување.