Нова тужба од стечајниот управник на ФЕНИ за ,,Кунико рисорсис“ за штета од 51 милион долари

Стечајниот управник на кавадаречкиот комбинат за никел ,,Фени Индустри“, Мирослав Анастасиевски,  поднел тужба против ,,Кунико Ресурсис“ од Холандија, „Кунико Маркетинг ФЗЕ“ од Обединетите Арапски Емирати и против лицата Јусуф Миракхмедов и Маниш Агарвал, како што стои во истата, поради оштетување на Фени за 51 милион долари со што компанијата отишла во стечај.

Анастасиевски истовремено поднел и кривична пријава до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција против Миркахмедов,Агарвал и Брнако Колев ,сите носители на функции во Фени индустри АД ,пред да замине во стечај и против ,,Кунико Маркетинг ФЗЕ“, за сторени кривични дела злоупотреба на службена должност и овластување,злосторничко здружување и фалсификување исправа.

Според поднесената тужба и наодите на стечајниот управник,по извршените контроли и извештаите од страна на УЈП, биле откриени неспорни докази дека овие правни и физички лица, во 2016 година извршиле незаконски дејствија и го оштетиле ,,ФЕНИ Индустри АД“ за 51 милион американски долари.

Инаку тужби за претходното раководство на Фени лани поднесе и Управата за финансиска полиција. Изминатиов период во јавноста излегоа бројни неправилности за работењето на Фени. Се покрена кривична пријава против тогашното раководство, директорот на ФЕНИ, Јусуф Мирамедов, преку ноќ ја напушти земјата а најголемите доверители започнаа претстечајна постапка.

Се дознава дека компанијата речиси две години не поднесува годишен финансиски извештај, а Финансиската полиција заради тоа веќе поднесе кривична пријава против раководството на Кунико.

Во трката за влез во каквадаречки Фени, ГСОЛ ги откупи побарувањата на најголемите доверители и започнува процес на преговори со сите доверители. Пред некој ден по вторпат беше прифатен планот за реорганизација на ГСОЛ и подружницата „Еуроникел“ исто кога и во мај со мнозинство гласови го прифати Собранието на доверители со 95 отсто.

Со второто одобрување на планот од Собранието на доверители компанијата е на чекор од повлекување на стечај со што се очекува и судот да го потврди тоа. Вработените очекуваат конечно да заврши нивната голгота а „Кунико рисорсис“ да ги вратат украдените пари од комбинатот.