Новинарите на Утрински весник и на Дневник ќе штрајкуваат

Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници -ССНМ и синдикалните претставници на синдикалните групи на ССНМ во редакциите на дневните весници на „Дневник“ и „Утрински Весник“ на Друштвото за услуги „Медиа Принт Македонија“ ДООЕЛ – Скопје донесе одлука за стапување во штрајк.

„Откако на сите обиди за средба и преговори на вработените за исплата на плата за декември не само што не е одговорено туку вработените веќе  не се ниту здравствено осигурени, тие решија и формално да ја започнат процедурата за штрајк. Проблемот со платите на вработените во МПМ тлее неколку месеци, Синдикатот се обидуваше да најде заеднички јазик со раководството, меѓутоа и покрај сите заложби и ветувања од негова страна, многу малку беше направено да се излезе во пресрет на нашите членови и затоа револтот резултираше со одлука за штрајк.,, – се вели во известувањето од ССНМ.