Новинари напуштија регионален собир за медиуми заради Вучиќ

Десетина новинари во знак на протест го напуштија регионалниот медиумски  собир во Белград во текот на говорот на премиерот Александар Вучиќ.

Вучиќ го отвори овој собир во организација на Европската медиумска организација СЕЕМО, која се залага за слобода на медиумите и новинарите.

vucic

Но, токму тоа беше проблем за претставници на некои истражувачки медиумски центри во Србија им Црна Гора и синдикати и причина  демонстративно да заминат.

Од собирот заминаа новинарите на Центарот за истражувачко новинарставо на Србија , БИРН, Центар на истражувачко новинарство на Црна Гора , Маглочистачи од Суботица и новинари поединци.

Директорот на ЦИНС Бранко Чечен рече дека токму Вучиќ на сите негови настапи се однесува непријателски и понижувачки кон новинарите и дека тој ја испуштил приликата досега да воспостави професионален однос со новинарската фела.

,,За мене е понижувачки да седам во иста просторија со човек кој постојано покажува дека не му е важна слободата на медиумите и уште со него да разговарам за тоа. Уште помалку сакам да ги слушам неговите изјави и оцени за квалитетот на медиумите и новинарите, ниту е стручен за тоа, ниту се рабира во тоа,,- изјави Чечен.

По обраќањето на Вучиќ, генералниот секретар на СЕЕМО за Србија соопшти дека премиерот ќе одговара само на прашања на странските новинари.

Претседателот на Независното здружение на новинари на Војводина Недим Сејдиновиќ, го откажа учеството на собирот откако беше најавено дека токму Александар Вучиќ ќе го отвори. Тој рече дека Вучиќ е проверен непријател на новинарите, а организаторот со ова им удрил шлаканица во лице на сите новинари.

Сејдиновиќ му упати отворено писмо на Оливер Вујовиќ во кое го критикува за овој потег да ги седне на иста маса џелатите и жртвите.

Вучиќ секако го отвори собирот и зборуваше за тоа колку е важна слободата на медиумите и колку тој се противи на секакво мешање на политиката во медиумите.