Новинарот Горан Трпеноски е избран за член на Антикорупциска комисија

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања предложи Билјана Ивановска да биде нов претседател на Антикорупциската комисија.

Предложени членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеноски и Шемши Салаи.

Ова се седуммината прворангирани кандидати за членови во Државната комисија за спречување корупција.

Тие ја добија довребата на членовите на собраниската комисија од вкупно 57 кандидати.

Ианку, новинарот Горан Трпеноски работеше во Вест , па во порталот Сакам да кажам.

Тој беше член на Ад хок телото за медиуми предложен од СДСМ, кое го оценуваше известувањето на медиумите за време на изборите согласно Пржинскиот договор меѓу партиите .

Трпеноски реагираше по изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ, тврдејќи дека неговиот избор е нелегитимен, но потоа се повлече од тврдењето.