Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, овојпат одбра својата професионална задача да известува од посетата на српската премиерка , Ана Брнабиќ, на РС Македонија , да ја ,,одработи“ со провокативна маичка .

Тој на Табановце се појави со специјално отпечатена маичка за оваа прилика, на која имаше колаж од фотографии на успешни личности од албанска националност низ светот, некои од нив со рацете во знакот на двоглавиот орел од албанското знаме.

Принтот на маичката на новинарот Фуркан Салиу

На маичката е испечатен и натписот ,,тукушто симнати од планина (или од шума)“.

Ова секако не остана незабележано од медиуми на албански јазик и од дел од медиумите на српски јазик.

Па така , српскиот портал Курир, пишува:

,,SRAMNA PROVOKACIJA ALBANSKOG NOVINARA: Pokušao da ispadne duhovit pa prišao Brnabićki sa majicom sa slikama Majke Tereze, Šaćirija i Džake, na kojoj piše MI SMO IZAŠLI IZ ŠUME“, е насловот на овој портал, кој е провладин и ја поддржува политиката на владејачката СНС.

Салиу и покрај силното обезбедување, успеа да се пробие веднаш до премиерката Брнабиќ, за да го постави следното прашање:

Ana Brnabiç për #Klan “Jemi duke e shqyrtuar mundësinë për hapjen e kufirit Miratoc-Llojan”

Ana Brnabiç për #Klan“Jemi duke e shqyrtuar mundësinë për hapjen e kufirit Miratoc-Llojan”

Posted by Klan Macedonia Television on Monday, August 26, 2019

Салиу на овој начин сакал да ѝ одговори на премиерката Ана Брнабиќ, која неодамна изјавила дека ,,некои политичари(од Косово) се однесуваат како ,,штотуку да излегле од шума“.

Мислејќи на нивното учество во војната против Србија во деведесетите од минатиот век.