Новинарските екипи мета за хулиганите на протестите во Белград

Бројни новинарски екипи, репортери, фоторепортери и сниматели, беа цел на напади од страна на млади хулигани, кои воопшто не се воздржуваа пред објективите, дрско, арогантно и агресивно да ги напаѓаат, навредуваат и тепаат.

Вчера беше нападната екипата на АлЏезира Балканс, а репортерката и снимателот не беа повредени, но беше искршена камерата.

Trenutak napada na ekipu Al Jazeere u Beogradu

На вчерашните насилни протести беше напднат новинар на Н1. Демонстрант му го извлече микрофонот од рака и го фрли на земја.

Исто така, неколку вечери по ред цел на хулиганите се репортерите и фоторепортерите на агенцијата Бета, а некои од нив завршија со скршени глави и со други повреди по телото.

Полицијата приведе седумдесетина насилници, а има повредени и меѓу нив и меѓу полициските сили.

Прилог на АлЏезира Балканс.