Новинарски протест пред Влада заради заканите кон Насер Селмани

 

Утре (понеделник 12.март) во 12 часот пред Владата на Република Македонија , ССНМ и ЗНМ организираат   протест , на кој новинарите  ќе побараат од владата на дело да покаже дека се залага за функионирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите. Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани.

Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари. Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА, стои во прогласот на ССНМ.